Оперативен Лизинг за физички лица



Предноста кај оперативниот лизинг за физички со гарантен депозит или аконтација е пред се во месечниот закуп кој е значително помал од ратата кај финансискиот лизинг.

Во случај на гарантен депозит, истиот се враќа по истекот на лизинг периодот, поточно договорот за закуп. Аконтацијата е составен дел калкулацијата и таа не се враќа. Сразмерно, месечниот закуп кај оперативниот лизинг со аконтација е помал од оној со гарантен депозит. Мастер Лизинг го има определено минималниот износ на гарантниот депозит и аконтацијата, и тој изнесува 20% од продажната вредност на возилото.