Финансиски Лизинг



Финансискиот Лизинг е стандарден продукт на Мастер Лизинг, каде корисникот по помирување на сите обврски според договорот за финансиски лизинг, без дополнителни трошоци стекнува сопственост на возилото.

Минималното учество кај финансискиот лизинг е дефинирано според условите кои ги пропишува Мастер Лизинг и изнесува 20% од продажната вредност на возилото. Периодот на времетраење на договорот за финансиски лизинг е најмалку 1(една) година, а најмногу 5(пет). Со овој лизинг се финансираат нови и половни возила