Бизнис Оперативен Лизинг



Бизнис оперативниот лизинг е модел на финансирање на возила каде корисникот не го исплаќа целиот износ на возилото.

Се плаќа фиксен износ на месечна закупнина на возилото во период од 2,3,4 или 5 години. По истекот на лизинг периодот, возилото има определена вредност, дефинирана според условите во договорот (поминати километри, општа состојба на возилото). Корисникот се одлучува дали ке го откупи возилото или не (доколку поинаку не е наведено во договорот).

За доплата на оваа вредност на возилото, Мастер Лизинг нуди финансирање до 2 годишен период преку финансиски лизинг, по кој сопственоста преминува на корисникот на лизинг.